• сабота, 23 ноември 2024

О'Брајан: САД треба да воведат санкции за претставници на МКС кои бараат апсење на Нетанјаху

О'Брајан: САД треба да воведат санкции за претставници на МКС кои бараат апсење на Нетанјаху

Вашингтон, 22 мај 2024 (МИА) - САД треба да воведат санкции за претставниците на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кои бараат апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави Роберт О'Брајан, еден од главните советници за надворешна политика на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

О'Брајан се состана со Нетанјаху и други израелски официјални лица во Ерусалим за време на повеќедневната посета на Израел.

Тој ја критикуваше одлуката на МКС за издавање налози за апсење на Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.

„Можеме да воведеме санкции на банкарските сметки, да го ограничиме патувањето. Можеме да воведеме визи за овие корумпирани обвинители и судии. Можеме да покажеме дека сме решени“, рече О'Брајан.

Со него се согласија и поранешниот американски амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Џон Раколта и поранешниот амбасадор во Швајцарија, Ед Мекмален. паг/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан