• среда, 13 ноември 2024

НАТО е многу разочаран од акцијата на косовска полиција

НАТО е многу разочаран од акцијата на косовска полиција

Брисел, 31 август 2024 (МИА) - НАТО соопшти дека е многу разочаран од вчерашните акции на косовската полиција на северот на Косово, која, како што се наведува, не била координирана со КФОР и покрај повеќекратните ветувања дека тоа ќе го стори.

„Потребна е деескалација и целосен ангажман во дијалогот со ЕУ“, напиша портпаролката на НАТО, Фара Даклала, на платформата Х.

Во соопштението се наведува и дека КФОР е целосно подготвен да го задржи својот мандат врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за сите заедници на Косово и Метохија.

Косовската полиција вчера упадна во зградите на привремените органи на српската Влада во Лепосавиќ, Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток, како и во болничкото одделение на КБЦ Косовска Митровица, зградата во која се наоѓаат просториите на Фондот на ПИО, просториите на Канцеларијата на Министерството за правда, Управниот округ Косово-Митровица и Центарот за социјална работа.

Постапката на Приштина ја осудија мисијата на ЕУ во Приштина, како и американската Амбасада и амбасадорите на Германија, Велика Британија и Франција.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан побара од премиерот Албин Курти, да ги прекине некоординираните и провокативни акции, кои, како што рече, „негативно влијаат на партнерството“ меѓу САД и Приштина. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан