• вторник, 12 ноември 2024

О'Брајан во разговор со Курти побара итен напредок кон формирање на ЗСО

О'Брајан во разговор со Курти побара итен напредок кон формирање на ЗСО

Вашингтон, 24 април 2024 (МИА) -  Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија  Џејмс О'Брајан денеска, во разговор со премиерот на Косово  Албин Курти, изјави дека спроведувањето на обврските од дијалогот меѓу Белград а Приштина е неопходна, вклучително и итен напредок во формирањето на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО). 

Тој на платформата Икс објави дека САД ја поддржуваат европската интеграција на Косово и дека со Курти разговарал за чекорите што треба да ги преземе официјална Приштина.

„За да продолжиме напред, ни треба имплементација на обврските од дијалогот поддржан од ЕУ, вклучително и итен напредок за Заедницата на општините со мнозинско српско население“, напиша О'Брајан. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан