• недела, 01 септември 2024

Обрадор: Ќе ставам маска кога ќе исчезна корупцијата

Обрадор: Ќе ставам маска кога ќе исчезна корупцијата
Мексико Сити, 1 август 2020 (МИА) – Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека ќе носи заштитна маска само откако целосно ќе се искорени корупцијата во земјата. - Знаете кога ќе ставам маска? Кога нема да има корупција. Тогаш ќе ставам маска и ќе престанам да зборувам, рече Обрадор на прес-конференција, во момент кога неговата земја стигна на третото место во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19, јави Би-Би-Си. Корупцијата одамна е болна точка во мексиканскиот политички систем и земјата се наоѓа на 130 место на најновиот список на Транспаренси Интернешнл според индексот на корупција во светот. Обрадор, кој е скептичен за носење маски, е цел на критики поради неговата реакција на пандемијата, затоа што се верува дека тој ги вовел рестриктивните мерки доцна, а потоа нагло ги укинал. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан