• четврток, 26 декември 2024

Обезбедени средства за специјализирано возило за одржување хигиена во Неготино 

Обезбедени средства за специјализирано возило за одржување хигиена во Неготино 
Неготино, 24 ноември 2022 (МИА) - Обезбедени се средства за набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената во Неготино, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
- Заедно со директорот на Центар за развој на Вардарски плански регион Сашо Мошев го потпишавме договорот на набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената. Ова е дел од  проектот „Развој и унапредување на условите за одржување на чиста и здрава животна околина, набавка на специјализирано возило, за одржување на хигиената на јавните површини во општина Неготино, соопшти Стојанов.
Средствата  за набавка на возилото во висина од 6.667.000 денари  се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамки на програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година. свд/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан