• понеделник, 15 декември 2025

Заменик министерката за европски прашања во посета на Демир Хисар

Заменик министерката за европски прашања во посета на Демир Хисар

Скопје, 25 април 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска е во работна посета на општина Демир Хисар.

Како што соопшти Министерството за европски прашања, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев ќе остварат средба со градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски.

На средбата, додаваат оттаму, ќе се разговара за поголема искористеност на средствата од европските фондови за развој на општината. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан