• петок, 27 декември 2024

Обвинение за употреба на фалсификувани документи против двајца албански државјани

Обвинение за употреба на фалсификувани документи против двајца албански државјани
Скопје, 23 декември 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против двајца државјани на Република Албанија, за употреба на фалсификувани документи. - На 19 декември на Меѓународниот аеродром Скопје, 37-годишниот обвинет и 27-годишната обвинета употребиле лажни исправи - италијански лични карти и возачки дозволи на други имиња, се вели во соопштението од ОЈО. Лицата се гонат за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. аа/сп/

Остани поврзан