• петок, 27 декември 2024

НС ГРИТГ и МАКАМТРАНС бараат да се обнови листата на работници со бенефициран стаж

НС ГРИТГ и МАКАМТРАНС бараат да се обнови листата на работници со бенефициран стаж
Скопје, 21 февруари 2021 (МИА) - Независниот синдикат на градежни работници инженери и трговци во градежништвото – НС ГРИТГ и Независниот синдикат на камионски транспортери МАКАМТРАНС бараат  да се обнови постојната листа за работни места за кои се врши пресметка на  работниот стаж со дополнителен стаж на единица  време (година). -Независните синдикати направија список на градежни работници во кои спаѓаат ѕидаротесари, армирачи,  оператори на сите видови градежни машини, возачи на тешки товарни возила, висински  работници, хирурзи, возачи на возила со опасни материи, леари, формирачи на форми за лиење, работници  во леарница, заварувачи и тоа сите видови, таксисти, оператори на сметачки машини и обезбедувачи кои  работат ноќна смена. Овој список дополнително ќе биде дополнет затоа што можеби нешто сме испуштиле од струките кои заслужуваат дополнителен работен стаж, рече на прес-конференција Ацо Трајковски, претседател на Независниот синдикат на градежни работници инженери и трговци во градежништвото – НС ГРИТГ. Тој најави дека утре списокот со струките за бенифициран стаж ќе биде поднесен во архивите на надлежните институции,  односно до Владата, премиерот и Министерството за труд и социјална политика. Страшо Јовановски, претседател на МАКАМТРАНС истакна дека листата треба да се дополни и со лицата од новинарската професија заради опасностите по живот во кои ја извршуваат работата. Јовановски  воедно порача дека ќе нема ефект од носењето на нов закон за работни односи кој се разгледува доколку не биде усогласен со законите за синдикално организирање и за најниската загарантирана саатнина на работниците, што се барат подолго време. -Предлог законот што од 2002 година  кружи по сите релевантни институции како предлог за најниска  загарантирана исплатена саатнина заради загарантираноста и исплатливоста на работните обврски на работникот никој не сака да го прифати и да го гласа бидејќи тогаш ќе нема директно задирање во џебовите на работниците и бидејќи  во елеменетарниот предлог на законот се предвидува  на 15-ти во месецот доколку работниците не бидат исплатени на нивните  работни услоги фирмата автоматски да биде ставена на продажба, рече Јовановски. лв/аа/ https://www.facebook.com/359477174168894/videos/276005550583014

Остани поврзан