• четврток, 26 декември 2024

Норвич испадна од Премиер лигата

Норвич испадна од Премиер лигата
Норвич, 11 јули 2020 (МИА) – Екипата на Норвич не успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, откако попладнево на домашен терен загуби од Вест Хем со убедливи 4:0. Куриозитет е тоа што сите голови за гостите од Лондон ги постигна Михаел Антонио. Ова беше дуел од 35. коло по кој Норвич ги загуби и теоретските шанси да остане во елитата на англискиот фудбал. Тимот има само 21 бод и е убедливо последен на табелата со недостижни 13 бода негатива зад првата екипа која е надвор од опасната зона. зс/

Остани поврзан