• среда, 25 декември 2024

Норвежанец уапсен поради шпионажа во корист на Кина

Норвежанец уапсен поради шпионажа во корист на Кина

Осло, 2 јули 2024 (МИА) – Норвешки државјанин вчера е уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Кина, соопшти денеска Норвешката разузнавачка служба (ПСТ).

Не е откриен идентитетот на осомничениот, кој денеска ќе биде сослушан во Осло.

ПСТ во својот годишен извештај наведе дека во 2024 година Кина ќе биде сериозна закана во разузнавачката работа.

Ова се случува поради влошување на односите помеѓу Кина и Западот, кинеските аспирации за поголема контрола на синџирот за снабдување, како и поради нивното позиционирање на Арктикот, се наведува во извештајот на ПСТ од февруари годинава. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан