• среда, 25 декември 2024

Нов началник на СВР Велес е Бране Паласков

Нов началник на СВР Велес е Бране Паласков

Велес, 9 февруари 2024 (МИА) - Нов началник на СВР Велес од денеска е 37-годишниот Бране Паласков, кој за началник е назначен вчера со решение на министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.

Паласков доаѓа од позиција виш инспектор – главен дежурен во Центар за известување и командување при СВР Велес. Тој е избран на местото на досегашниот началник Ристе Самарџиев.

Инаку, Паласков е дипломиран економист и во своето десетгодишно работно искуство како полициски службеник има работено како помлад инспектор во Отсекот за општ криминал во СВР Велес, виш инспектор во надворешна канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе и виш инспектор – главен дежурен во Центар за известување и командување при СВР Велес. ад/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан