• среда, 18 декември 2024

Нов земјотрес во близина на Света Гора

Нов земјотрес во близина на Света Гора
Атина, 28 септември 2020 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4.6 степени според Рихтер, беше регистриран кусо по 7 часот утрово по локално време во морскиот дел меѓу вториот и третиот крак на Халкидики на 23 километри југозападно од Атос, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот земјотрес е дел од низата земјотреси, кои имаат ист епицентар како и оној со јачина од 5.2 што беше почувствуван вчера на Света Гора. ср/ссм/

Остани поврзан