• среда, 18 декември 2024

Ново издание на фестивалот Музика од светот во Битола

Ново издание на фестивалот Музика од светот во Битола

Битола, 15 ноември 2024 (МИА) -  НУ Центар за кулура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот Музика од светот ја соопшти програмата на најновото издание на фестивалот на кој годинава освен македонски, ќе учествуваат уметници од Франција и Србија.

Фестивалот на Музика од светот ќе се одржува од 28 ноември до 1 декември, со предпрограма, поетската вртелешка со битолчанецот Бранислав Николов, член на групата „Фолтин“ и Тихомир Јанчовски кои ќе понудат поетско-музички интерпретации на најубавите љубовни песни од современата македонска поезија, истакна Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.

-Пред публиката ќе бидат понудени одбрани стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и Радован Павловски, а ќе бидат отсвирени и отпеани најслушани македонски љубовни песни од фестивалите во 20 век. Фестивалот ќе продолжи со концерт на Балканска музика со Камерен оркестар на Битола и настап на Сузана Спасовска, Благојче Трајковски-кларинет и актерот Петар Горко, следниот ден ќе настапат гости од Франција, познати како „Manolo and the voice of the Gipsy Kingс“ во која по расподот на групата Gipsy Kings, членот на групата Маноло настапува како кантавтор и ќе гостува во Битола. Фестивалот ќе заврши со концерт на Дувачки квинтет на Македонија и Дувачки квинтет на белградската филхармоија, информира директорката Андоновска Илијевски.

Од НУ Центар за култура-Битола информираа дека во текот на ноември и декември на сцените во таа национална установа ќе се одржат промоции на книги, филмски проекции и концерти. мт/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан