• среда, 25 декември 2024

Новиот формат во Формула 1 за викенд со спринт и две квалификации дебитира на ГН на Азербејџан

Новиот формат во Формула 1 за викенд со спринт и две квалификации дебитира на ГН на Азербејџан

Лондон, 26 април 2023 (МИА) - Формула 1 на својата веб-страница објави дека првиот викенд со спринт и две квалификациски сесии ќе се одржи претстојниот викенд, од 28 до 30 април, на трката за ГН на Азербејџан.

 

Според новиот формат, в петок ќе се одржат првиот тренинг и квалификациите за Големата награда, в сабота - квалификациите за спринт и спринтот, а в недела - трката. Квалификациите за трката ќе се одржат во традиционален формат.

 

Спринт квалификациите ќе се состојат од три кратки сегменти од 12, 10 и 8 минути. Во текот на секој од сегментите, пилотите ќе можат да користат по еден сет на специфичен тип на гума: „средна“ во првиот и вториот дел и „мека“ во третиот. По првиот и вториот сегмент, последните пет болиди се елиминирани од конкуренцијата, исто како и во редовниот формат.

 

Квалификациите во петок ќе го одредат стартниот поредок за главната трка во недела. Саботните квалификации и спринтот нема да влијаат на стартниот редослед на главната трка.

 

Распределбата на бодовите за спринтот ќе остане иста - од осум бода за првото место до еден за осмото во личниот и екипниот пласман.

 

Годинава спринтерски викенди со две квалификации ќе има и на Гран при во Австрија, Белгија, Катар, САД и Сао Паоло. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан