• вторник, 12 ноември 2024

Новиот министер за здравство, Фатмир Меџити ја презеде функцијата од Сали

Новиот министер за здравство, Фатмир Меџити ја презеде функцијата од Сали

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Во просториите на Министерството за здравство, денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за здравство. Новиот министер, д-р Фатмир Меџити ја презеде функцијата од д-р Беким Сали. 

-Чест ми е што сум именуван за нов министер за здравство. Денес имав продуктивна средба со поранешниот министер д-р Сали. Решен сум да ја продолжиме важната работа за унапредување и заштита на здравјето и благосостојбата на сите наши граѓани, рече министерот Меџити. 

Меџити истакна дека негов фокус како министер за здравство ќе биде нашиот здравствен систем да биде достапен, ефикасен и да ги задоволува потребите на сите граѓани. Тој потенцираше дека ќе работи на промовирање здрав живот и ќе обезбедиме ресурси и поддршка за превентивна нега, така што секој ќе има можност да води поздрав живот. 

Како што информираат од Министерството за здравство, на средбата со неговиот претходник, министерот Меџити посочил дека инвестирањето во здравјето на нашите граѓани е од суштинско значење за градење здраво општество и останува посветен на соработката со здравствените работници, засегнатите страни и лидерите на заедницата за да ги постигнеме нашите заеднички цели. фф/са/

Фото: Министерство за здравство

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан