• четврток, 19 декември 2024

Нова серија од Телеком Србија, „Воздушен мост“ досега нераскажана воена приказна полна хероизам и трагедија

Нова серија од Телеком Србија, „Воздушен мост“ досега нераскажана воена приказна полна хероизам и трагедија

Од продукцијата на Телеком Србија ексклузивно на Суперстар каналот на 9 март пристигнува епската серија „Воздушен мост“.

Низ шест епизоди гледачите ќе ја следат досега нераскажаната воена приказна за трагедијата на едно време, за херојството и безнадежноста, за пријателството, жртвувањето и благородноста, за љубовта и добрината...

„Воздушен мост“ ни ја раскажува сторијата за еден уникатен потфат – најголемата акција за спасување на сојузнички пилоти во историјата на светското воздухопловство позната како „Операција Халијард“ спроведена во летото 1944 година во Србија.

Воената драма преку една високо квалитетна продукција ни ги пренесува случувањата во периодот од мај до септември 1944 година кога од импровизиран аеродром во селото Прањани под планината Сувобор од сигурна смрт локалното население спасува 508 американски и други сојузнички пилоти кои по полетувањето од аеродром во италијанскиот град Фоџа при акција за бомбардирање на романските нафтени полиња кои тогаш служеле како главен извор на нафта за армијата на Хитлер се собoрени од страна на Германците на просторот на Србија.

Автор и режисер на серијата е Радош Бајиќ кој „Воздушен мост“ го смета за круна на својата кариера.

„За 50 години уметничка работа, повеќе од 30 не сум само актер, туку и сценарист, продуцент и режисер. Многу имам зад мене. Сто и една епизода oд ТВ серијата „Село гори, а баба се чела“ секако е мој капитален резултат кој го одбележа времето на своето создавање. Сепак, верувам дека проектот Халијард со филмот ‘Хероите Халијард“ и ТВ серијата ‘Воздушен мост“ е круна на мојата кариера“, вели режисерот на серијата.

Тој додава дека со екипата создале серија според светските продукциски стандарди.

„На сите сум им особено благодарен, а особено на Телеком Србија, РТС и Контраст студио кои ми овозможија да ја реализирам ТВ серијата ‘Воздушен мост’ која е пред вас’“, вели Бајиќ.

Главните улоги ги толкуваат Петар Божовиќ, Жарко Лаушевиќ, Нела Михаиловиќ, Никола Ракочевиќ.

Суперстар каналот е дел од телевизиската програма на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ преку некој од пакетите за сателитската телевизија mSAT Tv или стриминг платформата Move TV. Повеќе информации може да најдете на mtel.mk.

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан