• среда, 25 декември 2024

Николоски: Исплатени платите на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти

Николоски: Исплатени платите на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на својот Фејсбук профил објави дека е исплатена плата на Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонски пошти.

-Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти. Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење. Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку, напиша Николоски на Фејсбук. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан