• среда, 25 декември 2024

Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата

Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан - “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи. Посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор 10 како предуслов за поквалитетно поврзување со пристаништето во Солун и брз транспорт на добра и улсуги.

Во рамките на форумот, предвидено е Николоски да оствари билатерални средби со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција како и со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка. Исто така предвидено е средба и со извршниот директор на Солунското пристаниште, Јоанис Тцарас.

Во рамки на дводневниот форум, се вели во соопштението, покрај министерот Николоски и министрите од владата на Грција, предвидено е обраќање и диксуија на бројни компании и организации за транспорт од Грција, Стопанските комори, логистички центри, универзитетски професори, претставници од пристаништето во Солун и различни финансиски институции. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан