Одрон од камења и земја го попречи сообраќајот на патот Маврови Анови - Дебар
- Од СВР Тетово потврдија дека имаат информација за одронот кој настанал на три килиометри оддалечност од мавровската брана во правец кон Дебар.

Гостивар, 24 март 2025 (МИА) - Заради одрон од камења и земја на магистралниот патен правец Маврови Анови - Дебар во близина на селото Трница, има отежаното движење на возила. Заради опасноста од нови одрони, сообраќајот на овој дел ќе биде запрен и заради безбедносни причини.
Од СВР Тетово потврдија дека имаат информација за одронот кој настанал на три килиометри оддалечност од мавровската брана во правец кон Дебар.
Првата количина на земја и камења затрупала една лента во должина од околу триесетина метри, но постои опасност од нови одрони. Од овие причини засега патниот правец во овој дел на магистралата е во прекин. згм/дма/
Фото: МИА