• среда, 25 декември 2024

Николов: Катастрофа е да се играат четири натпревари за десет дена, но кога е во прашање репрезентацијата ќе дадеме максимум

Николов: Катастрофа е да се играат четири натпревари за десет дена, но кога е во прашање репрезентацијата ќе дадеме максимум
Скопје, 29 мај 2022 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Бобан Николов го критикуваше новиот систем и згуснатиот распоред во Лигата на нации. - Кога веќе дојдовме, треба да одиграме максимално на овие четири натпревари. Кога се игра за репрезентацијата ништо не е тешко. Катастрофа е за 10 дена да се играат четири натпревари, но тоа не зависи од нас. Ќе биде тешко, но не бараме оправдувања, ќе покажеме дека можеме и ќе се обидеме да победиме. Го чекаме Трајковски да дојде утре и ќе бидеме сите заедно. Нашата цел е првиот натпревар со Бугарија, сите знаеме и не бегаме дека сме фаворити и дека треба да бидеме прво место за да имаме шанси да играме пак на големо натпреварување. Тоа што се случи со Италија и Португалија покажавме дека многу можеме, но тоа треба да го оставиме зад себе. Сега треба да бидеме фокусирани кон следните натпревари, изјави Николов. Тој е задоволен од помладите колеги кои се очекува да добијат минутажа. - Мислам дека ќе ни помогнат. Добри се и како фудбалери и како карактери. Не се случајно во репрезентацијата. Ние ќе им дадеме поддршка, а тие ќе ни помогнат. Ако играме ние како знаеме, не треба да се фокусираме на Бугарија, туку на нас и ако одиграме добро мислам дека можеме да ги добиеме. Одиме чекор по чекор, нагласи Николов. Македонската фудбалска репрезентација групата 4 во Ц сегментот од новото издание на Лига на нации ја почнува против Бугарија на 2 јуни на гостински терен. Потоа следува гостување кај Гибралтар (5 јуни),  а потоа на домашен терен с есреќава со Грузија (9 јуни) и Гибралтар (12 јуни). зс/

Остани поврзан