• среда, 27 ноември 2024

Николовски: Со интензивното враќање на сите долгови кон сточарите за предаденото млеко останува да им се исплати уште една година

Николовски: Со интензивното враќање на сите долгови кон сточарите за предаденото млеко останува да им се исплати уште една година

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) – На производителите на млеко деновиве веќе им се исплатени или им се исплаќа една цела фаза од субвенциите со што ќе ја заокружиме цела 2022 година, порача денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.

-Во поглед на исплатата на субвенциите за млекото се доцнеше четири години во 2017 година, а денеска со интензивното враќање на сите долгови кон сточарите за предаденото млеко останува да им се исплати уште една година. Дополнително очекуваме до крајот на годинава од страна на Министерството за финансии да добиеме дополнителни средства кои ќе бидат насочени кон доисплата на сточарите за предадено млеко и за реализација на новиот модел на субвенционирање што го започнавме со кој до крајот на годинава 30 отсто од субвенциите ќе бидат исплатени во оваа календарска година за тековната година за сите кои се пријавиле за субвенции во мај и јуни, рече Николовски во одговор на прашање при денешната посета на канцеларијата на Источниот плански регион  во Штип.

Нагласи дека тоа ќе се случи за првпат годинава за да ги имаат навремено средствата за да можат да инвестираат во следната сезона.

-Интензивно се работи и на креирање нови мерки и за сточарите со кои се планира зголемување на поддршката со цел задржување на сточниот фонд. Кон тоа не води фактот паѓањето на сточниот фонд во целиот регион. Со новиот модел на субвенционирање ќе се расчисти дилемата во поглед на бројките  и точно ќе знаеме колку може за се зголеми поддршката за сточарите за основни грла и за мерките кои се за предадено млеко, прецизира Николовски. вј/вдј/

 Фото: МИА

Остани поврзан