• среда, 25 декември 2024

Николовски од Свети Николе: Земјоделците веќе знаат дека со нас секоја година се креираат нови мерки

Николовски од Свети Николе: Земјоделците веќе знаат дека со нас секоја година се креираат нови мерки

Свети Николе, 4 април 2024 (МИА) - Покажавме дека може поинаку, дека можеме подобро. Преку конкретни мерки и политики, што заедно со земјоделците ги креиравме овие години, докажавме дека водиме искрена грижа за секој еден земјоделец, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во техничката Влада на денешната средба со земјоделците во Свети Николе.

-Секојдневно на терен меѓу вас земјоделците. Директно од вас ги слушаме предлозите и проблемите и заедно со секој еден земјоделец ги креираме решенијата. Така креираните мерки, секогаш докажано даваат резултати, рече  Николовски. 

Тој посочи дека заедно со земјоделците креиран е нов модел за субвенционирање. Модел што на земјоделците им гарантира, брза и навремена исплата, и ги насочува да го произведуваат она што е стратешки важно за државата. Забележа дека  само во овие четири години исплатени се 560 милиони евра субвенции, за над 75.000 полјоделци, тутунари, лозари, градинари, овоштари, сточари, пчелари и органски производители.

 -Ветивме и во целост го исполнивме дадениот збор, земјоделците денес имаат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка што, по нас, ја воведоа сите земји од регионот. Денес сме земја пример, од која државите во регонот ги следат мерките во земјоделството.Земјоделците веќе навикнаа и знаат, со нас, дека секоја година креираме нови мерки, развивајќи го се повеќе македонското земјоделство. Нема еден сектор, една култура во земјоделството, каде не се зголемени субвенциите, каде не сме креирале нови мерки, вели Николовски.

 Тој истакна дека имаат конкретен план и јасна визија, за наредниот период, за вложување на 1,35 милијарди евра капитални инвестиции и директна финансиска поддршка за земјоделците. Со конкретни мерки да се обезбедат рекорден принос, за зголемено производство домашна храна и извоз од 1,25 милијарди евра, за четири години.

 Министерот Николовски во рамки на теренските активности оствари денеска средба и со  Ико Алексов, вреден и посветен сточар од селото Горно Црнилиште, кој заедно со своето семејство одгледуваат околу 320 овци. Задоволен е од мерките што се креирани за поддршка на сточарството.

 -Оваа 2024 година поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет се зголемува од 400 на 1000 денари. Даваме поддршка и за поголема плата на овчарите од 360.000 денари, на 620.000 денари, по овчар. Имаме поставено цел двојно да го зголемиме буџетото за сточарско производство од 35 милиони на 70 милиони евра годишно. Затоа со право велиме дека оваа година е година на сточарството, изјави Николовски.

 Тој оствари посета и на сточарот Јорданчо Павлов од селото Долно Црнилиште и младиот земјоделец Дејан Петковски, кој се вратил од Германија и започнал да се занимава со земјоделство, користејќи  ја поддршката за малади земјоделци, преку програмата за рурален развој и подигнува лозови насади. вдј/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан