• недела, 24 ноември 2024

Николова: СДСМ инвестира во повисоки плати, нови училишта и повисок ученички стандард

Николова: СДСМ инвестира во повисоки плати, нови училишта и повисок ученички стандард
Скопје, 19 мај 2022 Почитувани, Владата предводена од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложува во образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. Со постигнатиот договор меѓу Владата и Синдикатот, за пет години платите во образованието вкупно ќе пораснат за 36 отсто во споредба со 2017 година. Освен во основното и средното образование, растат платите и на вработените во високото образование. За првпат беше потпишан Колективен договор со што платите во високото образование се зголемија за 10 отсто, a со тоа започна исплатата и на минатиот труд. Меѓу првите одлуки на Владата предводена од СДСМ беше укинувањето на екстерното тестирање кое не само што беше непотребен товар за учениците, беше и алатка за притисок кон наставниците. Освен  во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Инвестираме и во ученичкиот и студентски стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти. Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици. Двојно ги зголемивме стипендиите за студентите, а за првпат воведовме и стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари. Грижата на СДСМ за образованието е постојана, но за жал, во Собранието, блокиран е Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта што ќе обезбеди уште повисоки плати и трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници. Парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ на дело ја покажуваат вистинската грижа за образованието, за наставниците и учениците. И во време на најголема светска економска криза, вложуваме во сето она што е важно за нашите граѓани и нашето општество. Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан