• понеделник, 29 јули 2024

Неш: Се надевам дека ќе го видам Симонс на натпревар во регуларниот дел од сезоната

Неш: Се надевам дека ќе го видам Симонс на натпревар во регуларниот дел од сезоната
Њујорк, 16 март 2022 (МИА) - Тренерот на Бруклин, Стив Неш, продолжува да се надева дека дебитантот Бен Симонс ќе може да игра за Нетс пред почетокот на плејофот. - Сè уште имам многу големи надежи дека ќе го видиме Бен Симонс во регуларниот дел од сезоната. Во моментов тој закрепнува и работи на физичката форма. Бен одлично ја разбира ситуацијата. Во моментов тој е фокусиран да научи што правиме. Тој напредува. Тој е со тимот и сакаме да учи. Не очекувам целосно да се внесе во процесот, бидејќи треба да се доживее да се биде на теренот заедно со соиграчите. Мислам дека совршено ќе се вклопи, но за некои работи е потребно време, изјави Неш. Симонс ја подига формата по долго отсуство од тренинзите. Австралиецот нема одиграно ниту еден натпревар сезонава поради повреда и психички проблеми. зс/

Остани поврзан