• недела, 24 ноември 2024

Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

Тел Авив, 26 септември 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе користи сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.

- На Хезболах му нанесуваме удари кои не можеше да ги замисли, тоа го правиме со сила и со трикови. Можам да ви ветам едно: нема да застанеме додека не се вратат дома, рече Нетанјаху во видео порака што ја објави неговиот кабинет.

Неименуван израелски функционер во меѓувреме изјави за Си-Ен-Ен дека Нетанјаху и дал дозвола на неговата влада да се вклучи во напорите на САД во посредување за прекин на огнот во Либан.

Нетанјаху дал одобрение под услов секој договор да овозможува враќање на израелските цивили во нивните домови во северен Израел и подоцна додаде дека нема да мирува додека тоа не се случи.

Советникот на Белата куќа Амос Хохштајн е вклучен во преговорите за прекин на огнот, но Американците не разговараат директно со Хезболах.

Си-Ен-Ен јави дека САД итно работат на план за намалување на тензиите меѓу Хезболах и Израел поради зголемената загриженост дека конфликтот може да ескалира. јт/

Остани поврзан