Неста нов тренер на Монца
- Поранешниот легендарен играч на римски Лацио и Милан, како и на италијанската репрезентација Алесандро Неста (48) седна на клупата на Монца, објави денеска италијанскиот фудбалски прволигаш.
Монца, 13 јуни 2024 (МИА) – Поранешниот легендарен играч на римски Лацио и Милан, како и на италијанската репрезентација Алесандро Неста (48) седна на клупата на Монца, објави денеска италијанскиот фудбалски прволигаш.
Неста на клупата на Монца ќе го наследи Рафаел Паладино, кој го водеше клубот до крајот на минатата сезона, но потоа се пресели во Фиорентина.
Неста потпиша едногодишен договор со Монца, кој автоматски ќе биде продолжен доколку се исполнат целите поставени од раководството на клубот.
Неста како фудбалер два пати ја освои Лигата на шампиони со Милан, а со Италија триумфираше на Мундијалот во 2006 година. ег ФОТО: Фејсбук