• среда, 13 ноември 2024

Несоодветни или привремено несоодветни за користење најмалку 78 куќи зафатени во пожарот во грчката област Атика

Несоодветни или привремено несоодветни за користење најмалку 78 куќи зафатени во пожарот во грчката област Атика

Атина, 15 август 2024 (МИА) – По големиот пожар што во изминатите денови го зафати североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, тимови од Генералниот секретаријат за санација на штетите од елементарни непогоди на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, од вторникот вршат евиденција и процени на штетите, а досега, 78 домови се класифицирани како несоодветни или привремено несоодветни за користење, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека тимовите извршиле проверки во осум општини на Атика и веќе опфатија поголем дел од областите погодени од пожарите.

Во осумте општини биле проверени 130 објекти, од кои 112 куќи, 13 магацини, два јавни објекти и три деловни простории. ср/мс/

Фото: Министерство за климатски кризи и цивилна заштита на Грција 

Остани поврзан