Нереш го засили Наполи, се чека и Лукаку
- Наполи и официјално потпиша договор со бразилското крило Давид Нереш, кој доаѓа од Бенфика, соопштија од неаполскиот клуб.
Неапол, 21 август 2024 (МИА) - Наполи и официјално потпиша договор со бразилското крило Давид Нереш, кој доаѓа од Бенфика, соопштија од неаполскиот клуб.
Нереш може да дебитира за својот нов тим уште во второто коло од Серија „А“, во кое Наполи ја пречекува Болоња на стадионот „Диего Марадона“.
Наполи ќе плати близу 30 милиони на Бенфика за правата на Нереш, кој играше и во Ајакс.
Се очекува Нерес да го замени интернационалецот Матео Политано на десното крило од нападот на тимот на Антонио Конте.
Во Наполи се уште го чекаат трансферот на Ромелу Лукаку. дс
Фото: Х/Наполи