• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Неколку загинати во напад на хеликоптер на ОН во Јужен Судан

Неколку загинати во напад на хеликоптер на ОН во Јужен Судан

Картум, 7 март 2025 (МИА) - Во градот Насир во северниот дел на Јужен Судан денеска е пукано на хеликоптер на Обединетите нации, објавија странските агенции, повикувајќи се на мисијата на светската организација во земјата.

Убиени се неколку војници, меѓу кои и еден генерал.

Екипажот на ОН се обидувал да превезе војници по тешките судири во Насир меѓу војската на Јужен Судан и милицијата на Белата армија, група која владата на претседателот Салва Кир ја поврзува со силите лојални на првиот потпретседател Риек Мачар, ривал на шефот на државата.

„Нападот е крајно грозоморен и може да претставува воено злосторство според меѓународното право“, рече Николас Хејсом, шеф на мисијата на ОН во Јужен Судан.

„Исто така, жалиме за убиството на оние што се обидовме да ги евакуираме, особено кога беа добиени гаранции за безбедно минување. Мисијата на ОН инсистира да се спроведе истрага за да се идентификуваат одговорните и да се повикаат на одговорност“, рече Хејсом.

„Белата армија“, главно од етничката група Нуер, се бореше заедно со силите на Мачар во граѓанската војна 2013-2018 година, во која се соочија со етничката група Динка лојална на Кир. паг/


Фото: ЕПА

 

Остани поврзан