Неготинци им оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
- Голем број неготинци попладнево се собраа на градскиот плоштад во Неготино и оддадоа почит кон загинатите во дискотеката во Кочани.

Неготино, 19 март 2025 (МИА) - Голем број неготинци попладнево се собраа на градскиот плоштад во Неготино и оддадоа почит кон загинатите во дискотеката во Кочани.
Организаторите на настанот рекоа дека е ова јавен чин на солидарност и сочувство.
- Се собравме заедно во чест на прерано згаснатите животи во трагедијата во Кочани. Со цвеќе или свеќа, да оддадеме почит и да се помолиме за душите на починатите. На плоштадот беше поставена книга на жалоста, каде што секој може да остави порака на сочувство. Ова е момент да се обединиме во тагата и да покажеме поддршка за семејствата на настраданите и повредените. Да бидеме заедно во овие тешки моменти, истакнаа организаторите на настанот.
Многу од присутните на градскиот плоштад носеа и транспаренти испишани со емотивни пораки, посветени на трагедијата што се случи рано изутрина во неделата во Кочани. свд/мд/
Фото: МИА