• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Струмица се прости од младиот музичар Џоко Ѓоргиев

Струмица се прости од младиот музичар Џоко Ѓоргиев

Струмица, 20 март 2025 (МИА) - Денеска на гробиштата во Струмица е погребан младиот музичар Џоко Ѓоргиев (25), тапанар на групата ДНК, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани.

Колегите од ОМУ „Боро Џони“, каде работеше Ѓоргиев, денеска на комеморативна седница со аплауз и песна се простија од него, а за младиот музичар говореше директорката на музичкото училиште Клара Патарова.

-Надвор од ова просторија има уште стотици, илјадници луѓе со истото чувство, дека загубиле дел од себе, некој свој оти кој тебе не те сакаше златно дете. Како и досега ти умееш да ги сплотиш луѓето и токму со твојата се присутна енергија што ја ширеше, сега црпиме сила да го прифатиме она што не може да се промени, истакна Патарова.

На комеморацијата присуствуваа членовите на неговото потесно семејство, колеги музичари и голем број граѓани.рт/цр

Фото: ОМУ „Боро Џони“ Струмица

Остани поврзан