НВО „Градиме иднина“ во Штип ја почна кампањата „Стоп за питачењето и злоупотребата на децата и нивното здравје“
- Низ штипските улици секојдневно питачат од 15 до 20 деца, покажаа теренските истражувања на НВО „Градиме иднина“ од Скопје. Проектот „Стоп за питачењето и злоупотребата на децата и нивното зд
Штип, 19 април 2022 (МИА) - Низ штипските улици секојдневно питачат од 15 до 20 деца, покажаа теренските истражувања на НВО „Градиме иднина“ од Скопје. Проектот „Стоп за питачењето и злоупотребата на децата и нивното здравје“, е почнат од декември минатата година во десетина градови во државата.
Претседателот на Здружението „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ вели дека средба ќе има со градоначалникот на Општина Штип, а исто така ќе ги извести и МВР и Јавното обвинителство. Посочи дека на ниво на цела држава питачат 2.000 деца, а 18.700 не се во училишата и градинките.
Тој смета дека проблемот со питачењето треба да се решава институциално, а според истражувањето на терен питачењето е организиран бизнис, во кој се вклучени биолошките родители, но и криминални групи. Организирани се во три смени, на улиците почнуваат од 9, а завршуваат во два часот наутро.
- Ние веќе откривме дека во Скопје со комбе ги транспортираат, каде што од Весел и други градови ги тарнспортираат во Струмица и Гевгелија и насекаде има мобилни екипи 120 деца се од социјален ризик, 50 деца користат дрога и нарокотични средства. Тоа го констатира државата, здравствените установи од претходните истражувања. Три деца за жал починаа од две или три и седум годишна возраст, од користење на наркотични средства. Од питачењето се добива профит од 3.000 до 4.000 денари. макроата, мафијата, биолошките родители им ги одземаат парите, тепаат дури што се вика и до смрт ги претепуваат. Децата од овие пари добиваат износ од 50 или 10 денари, останатите пари заминуваат во луксузирање, вели Јовановиќ
Посочи дека како здружение ќе бараат законски измени со кои на организаторите на питачењето ќе им бидат определувани затворски казни и од 15 години. Јовановиќ истакна дека за време на Велигденските празници ќе има уште поголема злоупотребата на децата, што питачат и затоа апелира до граѓаните да не им даваат парична помош затоа што таа завршува кај организторите, а доколку им се закануваат да пријават кај полициските службеници. вдј/цр