• недела, 24 ноември 2024

На Ф1 трката за ГН на Холандија ќе можат да присуствуваат гледачи

На Ф1 трката за ГН на Холандија ќе можат да присуствуваат гледачи
Лондон, 14 август 2021 (МИА) - Организаторите на трката за Големата награда на Холандија го потврдија одржувањето на Формула 1 трката во септември со присуство на гледачи, објави официјалната веб-страница на натпреварувањето. Холандската влада дозволи трибините на автодромот „Зандворт“ да се полнат до две третини од максималниот капацитет, поради ограничувања поврзани со коронавирусот. Така, околу 70 илјади луѓе ќе можат да ја посетат трката од сезоната 2021 година. Етапата од Големата награда на Холандија ќе се одржи од 3 до 5 септември 2021 година. зс/

Остани поврзан