• четврток, 26 декември 2024

На патеката кон Пониква се возеше ридско-брзинската трка „Кочани 2022“

На патеката кон Пониква се возеше ридско-брзинската трка „Кочани 2022“
Кочани, 4 септември 2022 (МИА) – На регионалниот патен правец од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква попладнево се возеше  ридско-брзинска трка во рамки на Државниот шампионатот во автомобилизам што се бодува и за ФИА - зона на Централна Европа. На патеката долга 5,9 километри, во четири класи, учествуваа 26 возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово. Организатор на натпреварот беше АКК „Перформанс“ од Скопје, во соработка со Автомобилистичката федерација на Македонија, Здружението на возачите – Кочани и Општина Кочани. Подготвеноста на патеката беше одлична, а во најниската класа Е1-1400 најбрз беше Наков Георгиј, член на клубот организатор на трката, кој  со возилото застава југо патеката ја помина со време од 4:03.13. Неговиот клупски колега Слободан Трајковски, во класата Е1-1600, исто така со застава југо оствари најдобар резултат од 3:34.10. Во класата Е1-2000 победи уште еден возач на АКК „Перформанс“, Александар Ангеловски, кој со возилото со хонда сивик возеше 3:31.50. Меѓу донашните возачи во најсилната класа Е1+2000 патеката најбрзо ја помина Влатко Костовски од АКК „Проспорт“ со возилото опел астра, возејќи 3:34:13. Кочанскиот возач Донче Иванов, кој со застава југо настапува за АКК Фичо 600 од Скопје, во првото возење излета од патеката и остана без пласман, додека Дејан Манасиев од Кочани во клчасата Е1-1200 со рено клио беше четвртопласиран. та/лв/

Остани поврзан