• петок, 27 декември 2024

На ИФАД „Стоби 2022“ синоќа настапи Народниот театар од Ниш со „Еден Едип“

На ИФАД „Стоби 2022“ синоќа настапи Народниот театар од Ниш со „Еден Едип“
Велес, 27 септември 2022 (МИА) - Народниот театар од Ниш, Република Србија, синоќа во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во рамки на 19. ИФАД „Стоби 2022“ ја  изведе претстставата „Еден Едип“, по авторски текст на А. Н. Роса, во режија на Југ Ѓорѓевиќ. Изведбата беше наградена со долг и силен аплауз од публиката. Последен наслов во официјалната селекција на фестивалот е „Пандорината кутија: наследството на ќерката“ од Ришард Ниечим и „Медиа Артес“, која ќе биде изведена утревечер. Во чест на лауреатите, во сабота, на 1 октомври, настап ќе има Националната опера и балет, со изведбата на современата балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Музиката е на Калиопи, кореографијата на Олга Панго, а либретото на Сашо Димоски. Сите претстави се во конкуренција за една од наградите - Гран при за најдобра претстава, награда за најдобра женска и машка улога и најдобра режија. ад/мч/

Остани поврзан