• недела, 28 јули 2024

На граничните премини нема подолго чекање, сообраќајот умерен надвор од градските средини

На граничните премини нема подолго чекање, сообраќајот умерен надвор од градските средини
Скопје, 22 август 2021 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, соопштија од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ соопшти дека според известувањето на „Виадукт трејд“, во вторник, 24 август 2021, од 10 до 16 часот ќе важи привремена измена на режимот на сообраќај во времетрање од 45 до 60 дена, со комплетно затворање на делницата при асфалтирање на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница. цр/хс/      

Остани поврзан