• сабота, 23 ноември 2024

Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, најстудено утрово во Крушево

Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка,  најстудено утрово во Крушево

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка, осум литри на квадратен метар, соопшти УХМР.

Според мерењата утрово во 8 часот, шест литри на квадрат наврнало во Тетово, четири во Претор, три во Дебар, Куманово и Виница и два литра во Крушево. 

Најниска температура од 7 степени е измерена во Крушево, 8 степени во Претор и Берово, 9 во Крива Паланка, 10 во Тетово и Виница, 11 степени во Струмица, Охрид и Битола, 12 во Скопје (Зајчев Рид), Куманово, Дебар, Штип и Дојран, 14 степени во Демир Капија и Гевгелија.

УХМР за денеска прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови од земјата.

Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 километри на час) особено по должина на Повардарието и во југозападниот дел од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан