• петок, 08 ноември 2024

Најмалку 28 жртви во поплавите во Индија за три дена

Најмалку 28 жртви во поплавите во Индија за три дена

Њу Делхи, 29 август 2024 (МИА) – Најмалку 28 лица загинаа во последните три дена во поплавите во западна Индија, соопштија локалните власти.

Реките во Гуџарат, држава на западниот брег на земјата, се излеаја од коритата и повеќе од 30.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Во акциите на припадниците на итната помош и армијата беа спасени околу 1.850 луѓе.

Властите во Гуџарат соопштија дека 13 лица се удавиле, а други загинале при уривање на куќи.

Околу 1.000 села останаа без струја.

Метеоролошките служби предупредија дека денеска се очекуваат обилни дождови. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан