• вторник, 12 ноември 2024

Најмалку 17 загинати и 34 повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан

Најмалку 17 загинати и 34 повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан

Кабул, 16 јули 2024 (МИА) - Најмалку 17 лица загинаа, а 34 се повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан, соопштија денеска локалните власти.

Меѓу загинатите има и три деца.

Патниците настрадаа кога автобус се преврте во областа Хинџан, провинцијата Баглан.

Автобусот бил на релација Кабул - провинција Фариџаб, на северот на Авганистан.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, но локалните медиуми јавуваат дека превртувањето на автобусот можеби е последица на невнимание на возачот. паг/

Фото: МИА архива
 

 

 
 
 

 

 

Остани поврзан