• сабота, 27 јули 2024

Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф

Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф

Берлин, 16 мај 2024 (МИА) – Три лица загинаа, а 16 се повредени во синоќешната експлозија на киоск лоциран во станбена зграда во германскиот град Дизелдорф.

Помеѓу повредените двајца се во животна опасност.

Противпожарната служба соопшти дека киоскот целосно изгорел, а пожарот го зафатил и првиот кат од станбената зграда. Пожарот подоцна бил изгаснат, а истрагата за причините за пожарот е во тек, соопшти германската полиција. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан