• сабота, 09 ноември 2024

Најмалку две лица загинаа, а многумина се повредени во две експлозии во главниот град на Уганда

Најмалку две лица загинаа, а многумина се повредени во две експлозии во главниот град на Уганда
Кампала, 16 ноември 2021 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а многумина се повредени денеска во две експлозии во центарот на Кампала, главниот град на Уганда,  јави локалната телевизија. Запалени се и неколку автомобили. НТВ Уганда објави дека „многу луѓе“ се повредени и дека се случиле две експлозии - една многу блиску до Парламентот и една во близина на централната полициска станица. Парламентот е евакуиран, јави телевизијата. Репортерот на НТВ Уганда рече дека видел две тела. Се уште не е позната причината за експлозијата. „Персоналот на Црвениот крст користеше противпожарни апарати за да го локализира пожарот“, објави станицата на Твитер. Војниците на Уганда како дел од мировните сили на Африканската унија се борат против бунтовниците на Ал Шабаб поврзани со Ал Каеда во Сомалија. Ал Шабаб изврши неколку смртоносни бомбашки напади во Уганда. Исламска држава минатиот месец првпат ја презеде одговорноста за експлозијата во Уганда. Тогаш експлодираше бомба полна со шрапнели, при што загина келнерка во ресторан. Исто така минатиот месец, полицијата на Уганда соопшти дека бомбаш самоубиец активирал експлозив во автобус, убивајќи се себеси и ранувајќи други луѓе. паг/
 

Остани поврзан