• вторник, 12 ноември 2024

Форум за опасноста по културното наследство при воени конфликти

Форум за опасноста по културното наследство при воени конфликти

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - „Опасност по културното наследство при воени конфликти - состојби, обврски и мерки за заштита“ е насловен форумот кој денеска напладне ќе се одржи во киносалата на Музејот на Република Северна Македонија.

Форумот го организираат Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во соработка со Музеј на Република Северна Македонија. 

-Главна цел на форумот е акцентирање на значењето на превентивната заштита на културно наследство и соодветната реакција која треба да ја понудат институциите од културата во случаи на воени конфликти, наведуваат организаторите на форумот. хс/вг/

Фото: МНК „Син штит“

 

 

Остани поврзан