Свечена заклетва на новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес
- Свеченост за давање заклетва на новопримените професионални војници ќе се одржи денеска во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес во Центарот за индивидуална обука, кој е во состав на Командата за обука и доктрини на Армијата.
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) – Свеченост за давање заклетва на новопримените професионални војници ќе се одржи денеска во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес во Центарот за индивидуална обука, кој е во состав на Командата за обука и доктрини на Армијата.
Во рамките на свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на професионалните војници. аа/са/
Фото: МИА архива