• среда, 18 декември 2024

Регионална конференција на либералите „Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“

Регионална конференција на либералите „Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Либерално демократската партија (ЛДП) денеска и утре во Скопје ќе биде домаќин на Регионалната либерална конференција „Кво Вадис Европа 2024? – Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“.

Конференција е во организација на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN), со поддршка на АЛДЕ партијата, Европскиот либерален форум (ELF) и Европскиот парламент.

Како што информираат од ЛДП, целта на конференцијата е да се поттикне отворена дискусија за иднината на Европската Унија и улогата на Западен Балкан во процесот на проширување. Настанот, како што посочуваат, ќе служи како платформа за размена на идеи и искуства меѓу либералните лидери, претставници од регионот и високи гости од Европската Унија, со цел заедно да ги идентификуваат следните чекори кон европската интеграција.

Главни говорници на конференцијата ќе бидат Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Програма на конференцијата вклучува три панели „Може ли ЕУ да го интегрира целиот Балкан до 2030 година?“, „Обраќање на глобалните конкурентни наративи: Дали ЕУ сè уште е привлечна?“ и „Регион кој брзо се вооружува: Европска одбранбена перспектива“.

Конференцијата ќе обработи клучни прашања како што се глобалната геополитика, проширувањето и реформите во ЕУ, европската безбедност и одбраната. фф/нд/

Фото: ЛДП

Тагови

Остани поврзан