• четврток, 12 февруари 2026

Прием за младинската карате репрезентација по успехот на Европското првенство

Прием за младинската карате репрезентација по успехот на Европското првенство

Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Свечен прием ќе биде организиран денеска по повод упехот на македонската младинска карате репрезентација на Европското првенство за кадети, јуниори и У21, одржано од 6 до 8 февруари во Лимасол, Кипар, соопшти Карате федерацијата на Република Северна Македонија.

Приемот ќе се одржи во Министерството за спорт, а домаќин на настанот ќе биде министерот за спорт Борко Ристовски.

На првенството златен медал освои Матеј Белистојаноски (У21 –67 кг), сребро Немања Младеновиќ (кадети +70 кг), а забележани се и повеќе пласмани меѓу најдобрите во Европа.ар/са/

Фото:Карате федерација фејсбук

 

 

Остани поврзан