• среда, 25 декември 2024

Претседателските кандидати ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори

Претседателските кандидати ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.

Пред потпишувањето воведно обраќање ќе има претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а ќе биде прочитана и содржината на Кодексот.

Откако кандидатите за претседател на државата ќе го потпишат Кодексот, предвидено е да имаат поздравни говори.

Настанот ќе заврши со две групни фотографирања, едното на сите кандидати и другото, на сите кандидати со членовите на Државната изборна комисија. мч/аа/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан