• сабота, 23 ноември 2024

Петровска и Агелер во посета на учесниците на вежбата „Храбар партнер 23“ на Криволак

Петровска и Агелер во посета на учесниците на вежбата „Храбар партнер 23“ на Криволак

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер денеска на Криволак ќе ги посетат 180-те припадници на американската Армија за Европа и Африка, кои со поддршка на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија ја реализираат вежбата „Храбар партнер 23“.

Најавено е присуство и на бригадниот генерал Патрик Елис, заменик-шеф на штаб на Командата на Армијата на САД за Европа и Африка.

Во рамки на вежбата, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе биде изведено гаѓање од оклопни транспортери од типот „Stryker“, што е значајно имајќи предвид дека согласно Планот за модернизација, Армијата ќе се опреми и со ваков тип на оклопни транспортери. дма/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан