• недела, 24 ноември 2024

Облачно и посвежо, со дожд и грмежи

Облачно и посвежо, со дожд и грмежи

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, особено во западните и централните делови, локално во форма на невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 19, а максималните ќе достигнат од 23 до 38 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималните температури ќе се спуштат до 18, а максималните ќе достигнат до 25 степени.

Од УХМР информираат дека од вторник времето не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со просечни температури за овој период од годината. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. фф/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан