• четврток, 19 декември 2024

Меѓународна научна конференција „Mакедонскиот јазик – извор на научни истражувања“

Меѓународна научна конференција „Mакедонскиот јазик – извор на научни истражувања“

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Во рамките на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска во Скопје ќе биде отворена деветтата Меѓународна научна конференција „Mакедонскиот јазик – извор на научни истражувања“.

Како што е најавено, на настанот обраќања ќе имаат директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска и претседателката на Меѓународниот организациски одбор на научната конференција Лидија Тантуровска.

Во рамките на настанот ќе биде промовиран Зборникот од осмата конференција.бт/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан