• сабота, 23 ноември 2024

Конференцијата за е-трговија со повеќе од 700 домашни и странски гости

Конференцијата за е-трговија со повеќе од 700 домашни и странски гости

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, денеска  во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи седмото издание на Конференцијата за е-трговија.

Еминентни експерти од големите светски брендови ТикТок, Опен АИ (креаторот на Чет ЏПТ), Кларна, Заландо, Виза, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената програма кои преку предавања, панел дискусии и разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, вештачката интелигенција, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

На конференцијата најавено е присуство на повеќе од 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини и невладини претставници од земјава, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Грција и Бугарија.

Како дел од програмата ќе бидат презентирани клучните сознанија од анализата со наслов „Преглед на Е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година”, ќе се зборува и за предизвиците на е-трговците поврзани со доставата, можностите за е-плаќање, прекуграничнот и меѓународен раст на бизнисите, и за маркетингот и вештачката интелегенција во е-трговијата.

Како што е најавено, пред присутните ќе се обратат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, германската амбасадорка Петра Дрекслер,  Мариа Канелопулу од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков. дма/бак/

Фото: Плакат

Остани поврзан